Лекции за ЉУБОВТА кои една ќерка може да ги научи само од својата мајка

Мајките имаат повеќе искуство и мудрост кои треба да им ги пренесат на своите ќерки со цел тие да бидат среќни, задоволни и самоуверени во животот.

Мајката е најдобриот пријател на своето дете. Нејзините совети се секогаш искрени без оглед на тоа колку некогаш не сакаме нешто да чуеме, во длабочината на душата знаеме дека тие зборови се секогаш добронамерни и вистинити.

Ти си доволна
Ако постои една порака која ќерките мораат да ја чујат од своите мајки, тоа е оваа. Да знае дека е доволна и не е потребно да се менува за никого, за да биде сакана. Научете ги дека оној кој се обидува да ги убеди во спротивното, не е вистинска личност за неа и дека тој не гледа колку таа вреди и не заслужува да биде дел од нејзиниот живот.

Почитувањето мора да биде обострано
Тоа не важи само за љубовта спрема партнерот туку и за љубовта која ја чувствуваме спрема пријателите и семејството. Самите морате да искажувате почитување какво што барате од партнерот. Никогаш не дозволувај да се изгубиш самата себеси во врската.
Кога е заљубена, се случува жената да заборави која е таа всушност без својата посилна половина. Сопствената несигурност или врска не смеат да спречат да го живеете животот кој го заслужувате. Затоа научете ја ќерката секогаш да ги задржува своите интереси, пријатели и време кое го поминува сама онака како што таа сака.

Кога ќе започнеш врска, остани во неа само поради вистинските причини
Мајките мораат да ги научат своите ќерки дека вистинската љубов значи приврзаност, несебичност и великодушност. Ако тие квалитети ги нема во врската, таа не би требала да биде во неа. Осаменоста, особено преживувањето на минатото, притисокот и заедничките пријатели не се причина да би останале во врска со некого. Немојте да чекате вашата ќерка да доживее непријатности и проблеми и срцето да и биде скршено за да и го дадете овој совет.

 




Коментари

коментари