Категории

Леонардо ДиКаприо се сретна со Папата во Ватикан и разговараа за многу важна тема

Во четвртокот на 28 јануари 2016, Леонардо Ди Каприо беше во Ватикан, во посета на Папата, но не разговараа за филмови, туку за нивната заедничка страс – екологијата.

Разменија подароци, поразговараа на италијански и дискутираа и разменија загриженост за индината на нашата планета, а ДиКаприо му даде и чек од неговата добротворна фондација.

„Ваше Блаженство, Ви благодарам за доделување на оваа приватна аудиенција со вас.“- му се обратил Леонардо, кога пристигна во Апостолксата палата и му го бакна прстенот.

Подоцна, Ди Каприо му подари на Папата Френсис книга од дела од холандскиот сликар од 15 век Ероним Бош, и муја покажарепродукцијата на Градина на земните задоволства, раскажувајќи дека висела над неговото креветчето како дете.

Објаснувајќи му дека првично не го сфаќал нејзиното значење, и го опишува на следниов начин:

„Како дете не разбирав што всушност значи, но низ моите детски очи ја претставуваше планетата, утопијата која ни беше дадена, пренаселеноста, претерувањето и во третиот панел го гледам зацрнетото небо, коге за мене ја претставува еколошката катастрофа што и се случува на земјата.“

Папата е позант по неговите залагања за создавања на „позелен“ свет, а Леонардо е познат борец по тоа прашање. Неговата фондација често донира средства во оваа кауза, а на Светскиот Економски форум во Швајцарија, соопшти дека ќе се донират 15 милиони долари во еколошки цели.

Франсис му даде на Ди Каприо  примерок од  Laudato Si и неговиот предходен документ The Joy of the Gospel.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=XwVS5Ys454A[/tube]

Прегледи:
459
Објавено на:
29.01.2016