Категории

Леонардо ди Каприо конечно фотографиран со својата 23 години помлада девојка!

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (43) ужива во врската со младата аргентинска манекенка Камила Мороне, но дури сега за прв пат се фотографирани заедно. 


Овој пар е во врска една година, но долго се криеја од очите на јавноста. Сликани се како разменуваат нежности на Коачела фестивалот.


Еден од најпопуларните ергени во Холивуд, пред само неколку месеци наполни 43 години, па уште тогаш се шпекулираше за неговата врска со познатата манекенка. Дали е таа избраничката која ќе го украде неговото срце и конечно ќе застане на лудиот камен, времето ќе покаже, но фотографиите говорат за нивните страствени бакнежи, романтични погледи и прегратки.

Прегледи:
105
Објавено на:
17.04.2018