Категории

Леопардот е надминат: Ова е принтот што целосно го презеде светот на убавината и модата!

Пристигна нова есен, а со тоа и нови трендови!

Есента е идеално време за започнување на нови трендови. Овој нов тренд ги комбинира сончевите и топли денови зад нас и полека нè запознава со нијансите на есента, а ние знаеме еден што звучи баш така. Оваа есен сме заљубени во принтовите со дизајни од желки! Мешавината на нејзините црни, кафени и портокалови нијанси го направи исклучително популарен за сите љубители на класика и елеганција. Тој веќе ни е добро познат како омилен принт за рамки за очила, но тој сега го најде својот пат и во други полиња на модата и убавината. Така, стана вистински хит во маникирот, декоративна козметика и, како што се очекуваше, и во гардеробите за љубителите на модата. Значи, по големото враќање на животинскиот принт на точките на леопард на летни здолништа, во есенските денови, ќе владее принтот со дизајн на желка.

Лакови за нокти, сенки, очила, чевли и чанти се само некои од деталите на кои ќе го видиме овој шик принт.

 

МАНИКИР

 

Новата улога на овој принт ги освои љубителите на лак за нокти и уметноста на нокти, особено кога станува збор за необични детали. Може да биде минималистички, но и луксузен, во зависност од нијансите и стилот кој што се создава на ноктите.

Овој ефект може да се постигне во комбинација на црн и кафеав лак за нокти, а особено сме освоени од комбинацијата со проѕирен лак кој идеално се вклопува со класичен и безвременски стил.

 

Сенки

Принтот со дизајн на желка апсолутно ја презеде декоративната козметика и на тој начин се пресели во сенките.

 

Храбар и неочекуван потег можеби нема да биде секојдневие за секоја жена, но за свечени прилики апсолутно ќе го прифатите! Љубителите на необични комбинации и екстраваганција особено ќе уживаат во овој принт, но ако не сте еден од нив лесно ќе го прилагодите на вашиот стил.

 

Мода

Чевли или чанти со овој прекрасен принт дефинитивно нема да поминат незабележани. Идеални за есенските денови, малите чанти со остри рабови ќе додадат дополнителна доза на елеганција и париски шик на секој стил, но и малку егзотичнен пример за да не потсетат на брановите.

Ова е додаток кој што сакаме да го најдеме во гардеробите на нашите баби и кој веднаш нè преобразува во дамите од париските улици, а оваа есен сакаме да го носиме во сите детали. Елеганцијата и безвременската класика се нејзин заштитен знак, така што кога се комбинираат со мала торба, навистина е совршен избор за секоја облека која изобилува со стил.

Не е изненадувачки, што овој принт  го најде својот пат во декоративната козметика. Сепак, треба внимателно да се дозира и внимателно да се избере затоа што понекогаш, знаеме, од премногу боли глава. Детал на ноктите и детал во вашата гардероба ќе направат многу и ќе ги претворат вашите модни комбинации во вистинска стилска идила.