Категории

Лесен и вкусен рецепт: Салата од краставици, авокадо и туна

Денес за вас подготвивме лесен и вкусен рецепт, салата од краставици, авокадо и туна.

Состојки:
400 гр свежи краставици
400 г авокадо
320 g туна од конзервa
150 гр кромид
60 мл маслиново масло
½ лимон
сол, босилек

Подготовка:
Преполовите го авокадото, излупете го и исецкајте на коцки. Направете го истото со краставиците и кромидот. Исцедете ја туната од конзервираното масло.
Во поголем сад измешајте ги краставиците, авокадотото, кромидот и туната, зачинете со сол, босилек и маслиново масло. На крај, посипете ја салатата со сок од лимон и сервирајте.

Добар апетит.

Прегледи:
770
Објавено на:
19.11.2018