Лесно до мазна и нежна кожа на целото тело: Уживајте во најдобрата депилација во La Sensa

Со доаѓањето на пролетта доаѓаат и убавите денови, а за среќа и сѐ повеќе време ќе поминуваме на отворено. Токму затоа, време е да се посветиме на својот изглед и да заблескаме во сончевите денови кои се пред нас. Мазната и нежна кожа е основа за убав и негуван изглед на жената. Преку депилацијата се постигнува ефект на нежна и мазна кожа, а притоа добивате и неопходен пилинг преку кој се отстрануваат мртвите слоеви на кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Денес постојат повеќе видови депилација кои се нудат во козметичките салони. Но, особено е важно да го одберете оној кој најмногу ви одговара на вам и вашата кожа. На одредени типови кожа повеќе им одговара депилација со топол, односно ладен восок. Студиото за убавина La Sensa особено внимава при изборот на восок и ви ја нуди најквалитетната услуга без разлика дали ќе се одлучите за топол или ладен восок.

Депилација со топол восок

Преку депилацијата со топол восок се отстрануваат и најтенките и најкратки влакна. Восокот се загрева на околу 60 до 70 степени и се нанесува на кожата во правецот на растот на влакната. На овој начин влакната успешно се извлекуваат од корен. Депилацијата со топол восок е идеално решение за трајни резултати кое успешно го решава проблемот и со поткожните влакна. Топлината на восокот овозможува да се опуштат фоликулите и на тој начин влакната да се извадат од самиот корен.

Депилација со ладен восок

Депилацијата со ладен восок е брз и ефикасен начин веднаш да се ослободите од влакната. Постапката на отстранување на несаканите влакна со ладен восок се прави така што се нанесува тенок слој во правецот на растот на влакната, а потоа со козметичка трака за депилација која се лепи на нанесениот слој восок се отстрануваат влакната во спротивен правец од нивниот раст. На овој начин валкната се отстрануваат од коренот, а по кратко време кожата станува убава и мазна.

Преку редовна примена на овој третман влакната се изретчуваат, а коренот станува сѐ потенок. На почетокот депилацијата може да биде болна доколку претходно сте користеле брич за отстранување на влакната. По неколку третмани, најчесто после 5 до 6 депилации, коренот значително слабее и депилацијата станува речиси безболна.

Закажете го вашиот термин во студиото за убавина La Sensa и уживајте во мазната и нежна кожа на целото тело!




Коментари

[fbcomments]