Категории

Лесно е да се биде школуван, тешко е да се биде образован

Голем проблем во денешницата е тоа што младината не чита. Речиси никако. Тоа се луѓе на кои иднината им припаѓа, кои утре ќе управуваат со државата, ќе лечат луѓе, ќе градат мостови, ќе ги учат нашите деца..

Школуваноста се стекнува со бубање и упорност, образованието се стекнува со постојано ширење на видиците, радозналоста и желбата од себе да се направи сестрана, квалитетна личност. Голем проблем во денешницата е тоа што младината не чита. Речиси никако. Тоа се луѓе на кои иднината им припаѓа, кои утре ќе управуваат со државата, ќе лечат луѓе, ќе градат мостови, ќе ги учат нашите деца.

Денес луѓето тешко дека ќе прочитаат нешто подолго од три реченици. Едно нешто е тоа што си го скратуваат знаењето, а сосема друго е тоа што остануваат скратени од чуденсните светови кои книгата ги нуди. Она што најчесто можеме да го чуеме е: „Кој ќе го чита тоа, види колку странци има“.
Од друга страна, не сме свесни за фактот дека со тоа што не се образоваме, стануваме безоблична маса без сопствено мислење, а таквите е најлесно да бидат манипулирани. Од друга страна, речникот ни се сведува на пцовки и жаргони. Малкумина денес знаат дали е правилно да се напише НЕЗНАМ или НЕ ЗНАМ.
Денес факултетската диплома веќе не значи ништо, во смисла, школуваната личност не мора обавезно да биде и образована. Има струка, но нема знаење. Веројатно за тоа е криво времето и системот во кој живееме. Некое ќе каже дека читањето е губење време, и многумина ги осудуваат дека оние кои читаат го идеализираат светот и го гледаат преку „розови“ очила.
Па да се запрашаме, кој е всушност губитникот тука?