Летен музички спектакл на Дерик Меј и Македонската филхармонија

Дерик Меј и Македонската филхармонија на 2ри август во Античкиот театар во Охрид ќе изведат музичко-сценски настан  „Музика универзалис“.

Диџејот Дерик Меј, еден од пионерите на детроитската техно-сцена, ќе настапи заедно со Македонската филхармонија. Концертот ќе биде спој на електронска и класична музика на симфонискиот оркестар, проследена со светлосни ефекти, видео и аудио поддршка и специфични костими.

Организатор е продуцентската куќа „Излет мјузик“, а идеен творец нејзиниот сопственик и продуцент Огнен Узуновски.  Покровител на настанот е Министерството за култура.  За оркестарските аранжмани на музиката на Меј е задолжен македонскиот музички уметник Џијан Емин, а за визуелното обликување на концертот – режисерот Игор Иванов.

„Мислам дека настанот во Античкиот театар ќе доживее голема културна резонанца која ќе се протега и надвор од границите на Македонија. Се заблагодарувам за ова и порачувам да се забавуваме. Настанот е почетна идеја на Огнен, кој сакаше да направи нешто што ќе се истакне на овие простори, нешто што ќе ги постави новите граници од културен аспект. Добрата работа беше што ме спои со Џијан Емин и со прекрасни луѓе кои трудољубиво работат за да може да ја претстават државата на што е можно повисоко ниво“ рече Меј.

The Making of The Music

A photo posted by Alek Pejoski (@alekpejoski) on

Перформансот „Музика универзалис“ ќе биде издаден и на ЦД и ДВД, заедно со краток документарец за археолошките локалитети во Македонија. Концертот ќе биде дел од содржините со кои Македонската филхармонија одбележува 70 години постоње. Филхармонијата ќе го прослави јубилејот и со концерт за  отворање на 54-то „Охридско лето“

 




Коментари

коментари