Категории

Летна авантура со Култура и Марко Марк

Топлите летни денови не тераат да избегаме на некоја плажа или пак во планинските ладовини, а додека дојдат деновите за одмор најбезбедно ни се чини во домот, скриени со уклучена клима за разладување.

Каде и да сте, дали скриени под чадорот на плажа или пиете кафе уживајќи во природа, книгата е неизбежен придружник, а особено кога сте дома, таа ве носи на места каде не сте биле дотогаш и ви пружа возбудлива летна авантура.

 

Летната авантура со Култура е во полн ек, љубителите на книгата веќе ги направија листите за читање кои ќе ги забавуваат овие летни денови, а Култура ветува уште промоции, како и многу други изненадувања.

Нашиот драг пријател, водителот Марко Марк е голем љубител на книгите, вели дека чита секој слободен момент, а ние сме сигурни во тоа бидејќи често ни доаѓа во посета по нови книги.

Летната авантура со Култура е совршена за бегство од секојдневието за секого, заради инересните наслови од најразлични жарнови. Покрај бестеселрите на Џоџо Мојес, Елизабет Адлер, Ден Браун, Стив Бери…во Култура се актуелни и новите изданија кои имаа своја промоција во рамки на #ЛетнаАвантураСоКултура.

Свои промоции летово во Култура имаа„Четиринаесеттата колонија“ провокативниот нов трилер на Стив Бери, најновото издание на Џоџо Мојес „Еден плус еден“ кој е еден од нејзините најдобри романи, а овие денови се очекува промоцијата на македонската авторка Катерина Серафимовска и нејзината „Поглед полн синило“.

Марко Марк вели дека не знае каде ќе го помине летниот одмор, сега за сега е во градот со работните ангажмани, но вели дека без разлика каде ќе биде, книгата ќе биде во негова рака.

Бидете и вие дел од летната авантура со Култура, следете не за сите новости и искористете го попустот во виртуелната книжарница, каде со секоја сметка над 1000 денари добивате подарок летна торба.

Прегледи:
517
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
12.07.2017