Летната програма на Central Park summer club е исполнета со звучни имиња, а ова се дел од нив!

Летната сезона започна во знакот на одличните музички забави кои секоја недела традиционално се одржуваат во најпрестижната скопска дискотека Central Park Summer Club. Како и изминатите недели, така и во наредниот период, љубителите на ноќниот живот ќе можат да уживаат во одличната музичка атмосфера за која ќе се погрижат големите естрадни имиња, како од нашата земја така и од Балканот.

Во текот на овој месец, на 23. јуни Central Park Summer Club ќе ви овозможи музичко уживање со сите добро познати хитови на „Куку Леле“ на едно место. Најпознатото македонско дуо ќе ги забавува присутните со своите незаборавни песни кои секогаш предизвикуваат огромно воодушевување кај публиката. Хитовите со кои многу генерации пораснаа, меѓу кои и „Постела рози“, „Кучка неверна, Сè е против нас, Ти немаш појма, „Блесава си или не“, како и „Нема да тагувам“, „Цимери“ и  „Р’мбам ко црнец“ во еден глас публиката заедно со Роберт Саздов и Панки од популарното дуо „Куку леле“ ќе ги пее во сабота, 23. јуни.

Покрај македонското дуо „Куку Леле“, Central Park Summer Club подготвува уште многубројни изненадувања за оваа летна сезона, а ние ќе ви откриеме само дел од нив. По спектакуларниот настап на Куку Леле, 30. јуни е резервиран за Ивана Селаков, познатата српска поп-фолк ѕвезда која веќе долги години успешно опстојува на естрадата. Нејзините хитови и се добро познати и на македнската публика, а меѓу нив е и дуетот со Аца Лукас, „Далеко си“.

На 7. јули, еден од најпознатите млади бендови во моментов, српскиот бенд „Lapsus band“ ќе настапат со своите познатите хитови создавајќи одлична атмосфера која долго ќе се памети.

Central Park Summer Club со својата програма постојано докажува зошто важи за место каде што се случува најдобрата забава во градот. Билетите се веќе пуштени во претпродажба со цена од 200 денари за сите настани.

Подгответе се и резервирајте го вашето присуство на најдобрата забава во градот!




Коментари

коментари