Категории

Летото не може да помине без белата боја: 4 совршени фустани кои мора да ги имате!

Не дозволувајте да помине летото, а да не прошетате во бел фустан кој е симбол на летото. Во продолжение изберете кој фустан е совршен за вашето тело. Поради својата неутралност можте да ги комбинирате со апсолутно сите бои и принтови, а одговараат и на секоја боја на коса. Меѓутоа, она на што треба да внимавате е изборот на моделот.

 

1. Силуета песочен часовник

Ако сте градени како песочен часовник, имате голем избор и ретко што нема да ви прилега. Сепак, ако изберете фустан кој е потесен во горниот дел, а суптилно се шири од струкот надолу, најдобро ќе ја истакнете совршената фигура.

2. Силуета круша

Ако ви се рамениците потесни од колковите, идеален избор за вас е фустанот со V израз кој го нагласува гориот дел, а лесно паѓа преку вашите колкови и нозе за да создаде впечаток на потполно складна градба.

A post shared by Kristin Johns (@kristinjohns) on

3. Силуета јаболко

Она што сакате да го истакнете е најтесниот дел од вашето тело, а тоа е струкот. Затоа, изберете фустан кој има опуштен крој и во горниот и во долниот дел.

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on

4. Атлетска силуета

Ако сте витки и немате нагласени облини, најдобар избор за вас е краток фустан со рамен крој кој ќе ги истакне вашите долги нозе и фит фигура.

A post shared by Camila Coelho (@camilacoelho) on

Прегледи:
431
Објавено на:
13.07.2018