Лежерен стајлинг без ни малку напор: Карли Клос знае како!

Со оглед дека сите (или барем повеќето) сме дома, денеска одлучивме да ви презентираме една лежерна комбинација, одлична и за во домот, но и за надвор од него, доколку имате некоја итна потреба или треба да претрчате до најблиската продавница.

Изреката „помалку е повеќе“ е апсолутно точна кога станува збор за модата, а ни докажа и познатиот супермодел Карли Клос.

Таа уште еднаш демонстрираше како треба да изгледа совршен деловен и лежерен стајлинг, без ни малку напор и без купување на скапи парчиња.

Сè што ви треба е основна облека што секоја жена сигурно ја има во својот гардеробер, а ќе бидете подготвени за секоја пригода.

Стајлингот вклучува добар пар фармерки, едноставна црна блуза и валкано бел или светло беж капут.

Со оваа облека, црни чевли и пространа црна торба совршено се вклопуваат, а како завршен детал кој ќе ја заокружи целата комбинација се класични црни очила за сонце.

Седете дома, читајте не’, уживајте со семејството, пуштете добра музика и чувајте го здравјето.

Ви посакуваме да имате убав ден и добро расположение.




Коментари

[fbcomments]