Категории

Лили Ален и Давид Харбор се венчаа во Лас Вегас – Еве ги фотографии од слатката свадба

Познатите во Холивуд се повеќе се одлучуваат за нетипични венчавки. Пеачката Лили Ален и актерот Давид Харбор одличија да се венчаат во Лас Вегас со лажен Елвис Присли и харбургери.

Откако летувањето на крајот од Август одлучија да го поминат во Хрватска, познатата пеачка и ѕвезда од серијата Stranger Things – Лили Ален и актерот Давид Харбор го кажаа судбоносното „Да“ и тоа на нималку типичен начин. Тие направија едноставна, брза, но дефинитивно незаборавна забава во Лас Вегас.

Пеачката и актерот споделија неколку преслатки моменти од забавната венчавка на своите Instagram профили. Лили носеше винтиџ фустан од модната куќа Dior, а после забавата парот се упати на „афтер“ во In-N-Out Burger.

Прегледи:
612
Објавено на:
12.09.2020