Категории

Лиснати погачици со сирење (РЕЦЕПТ)

Кога ќе ги направите еднаш, ви гарантираме дека ќе ги подготвувате постојано!

 

Состојки:

  • 400 – 500 г брашно
  • малку квасец
  • 100 мл ропло млеко
  • 300 г маргарин
  • 300 г ситно сирење (најдобро 150 г фета сирење и 150 г обично)
  • сол ако сирењето не е солено
  • јајце за премачкување

 

Подготовка:

Во сад ставете брашно, направете дупка и тука изматете го квасецот со млекото. Додадете го сирењето и маргаринот на собна температура. Изгмечете со раце и замесете го тестото.

Веднаш развлечете го на работната поовршина преклопете ги страните и оставете да стои поклопено околу 15 минути.

Повторете ја уште еднаш оваа постапка. На крај развлечете, исечете ги краевите па потоа траките и коцките. Може да ги вадите и со чаша. Наполнете ги со сирење.

Наместете ги на тепсија обложена со хартија за печење или намачкана со маргарин и оставете да отстои. За тоа време вклучете ја рерната на 220 степени. Се печат околу 30 минути додека не се заруменат.

Прегледи:
717
Објавено на:
05.02.2019