Лице в лице со новата Земја – СООЧУВАЊЕ:Како го замислувате светот после пандемијата? Онлајн настан во кој ќе се говори за промените кои му престојат на светот!

Лице в лице“ е активистичко списание, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво. Најновиот број ќе го промовираат преку онлајн настан, во кој секој може да земе учество и каде што ќе се зборува за можните сценарија на развој на нашето опкружување, и светот воопшто, по соочувањето со пандемијата, на локално и глобално ниво.

Интерактивната средба е планирана за 23-ти јуни 2020 година, од 15 до 17 часот, на платформата „Zoom“. Со оваа средба ќе се промовира 40-то издание на „Лице в лице“, посветено на бизнисите, лидерството, на институциите и на граѓаните од иднината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Лице в лице (@licevlice) on

Гости говорници на овој настан ќе бидат Тамара Котевска ко-режисерка на „Медена земја“, Олга Рајиќ, ко-основачка на мобилната апликација Челинџер и Сергеј Ѓеоргиев, јога инструктор и режисер на Виа Динарика.

Ќе се постават прашањата: Дали сега светот врти нова страница? Дали човекот доживува ново ниво на свесност? За вистинските вредности, за социјалната правда, за човекот пред профитот? Како вие го замислувате новиот свет? Настанот е од отворен карактер и секој може да земе учество.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Лице в лице (@licevlice) on

Инаку „Лице в лице“ е единственото улично списание кај нас и е едно од пионерските социјални претпријатија во земјава. Го продаваат сограѓани од ранливите категории кои со овој работен ангажман се интегрираат во општеството, пришто се влијае на нивната економска, но и социјална состојба. Еден број чини 100 денари, а половина е заработка за продавачот. Заради светската пандемија ова улично издание има и своја дигитална верзија која можете да ја купите на овој линк.

Линкот од настанот на Facebook може да го најдете тука а директниот линк до поканата за Zoom може да ја најдете тука

Се гледаме во вторник!




Коментари

[fbcomments]