Лицето е огледало на здравјето: Што откриваат подочниците, црвенилото, испуканата уста?

На лицето се гледа се: дали имаме проблем со органите за варење, дали е преоптеретен црниот дроб, дали дошло до нерамнотежа на хормоните, имаме ли премногу отрови во организмот…

Темни подочници

Иако тоа може да биде и генетски наследено, почесто станува збор за нездрав начин на живот – недоволно внесување на вода, лош избор на храна, живот под голем стрес, неквалитетен сон…

Темните подочници можат да бидат показател на висока количина на токсини во телото и потребата од чистење. Наједноставно е да започнете да пиете повеќе вода. Постои разлика меѓу темните кругови под очите. На пример, ако се сино – црна боја, тогаш тоа може да укажува дека сте нетолерантни на некој вид храна.

Жолто – кафеавите подочници пак, откриваат нееднакво работење на црниот дроб или жолчката.

 

Суви, испукани усни

Тие може да бидат знак за желудочен стрес. Испуканите агли на усните и црвенилото се знак на недостаток на хранливи состојки, најчесто витамин Б, како и железо и цинк. Исто така, треба да се пие повеќе вода, да се јаде ферментирана храна, месни супи, житарици и риба. Консумирајте помалку шеќер, преработена храна, алкохол, кравјо млеко и глутен.

Румени образи или испукани капилари

Образите се поврзани со плуќата и често изгледаат на одреден начин кога постојат проблеми со дишните патишта. Нутриционистите обаснуваат дека румени образи може да настанат од студ, но и при астма, грип, проблеми со синусите или дишењето. Натечени образи укажуваат на проблем со синусите или дека некој е пушач.

Испуканите капилари на образите можат да бидат знак за екстремен стрес и хормонален дисбаланс. Потребно е да се консумира витамин Ц и А, чиа семе, кокосово масло, масна риба, ананас, јаболко. Се препорачува да се намали консумацијата на млеко, производи од пченица, чоколадо, преработена храна, маргарин и транс масти.

 

 




Коментари

коментари