Категории

Лошите денови не се време за жалење, туку време за борба

Тоа не се мигови кога треба да му се препуштиме на самосожалувањето и тагувањето за својот живот.

Тоа не се мигови кога треба да му се препуштиме на самосожалувањето и тагувањето за својот живот. Не се вистинско време нити за негативни мисли и барање виновници и причини зошто се тргнало во погрешна насока. Лошите денови не се време за да се затвориме во себеси и да престанеме да живееме.

Лошите денови се време за борба, време кога мораме да ја истакнеме нашата сила и да си докажеме на себеси и на другите дека сомнежите не постојат. Лошите денови се за да станеме подобри и да сфатиме дека успешната иднина нема да дојде сама од себе без да се избориме за неа.

Лошите денови се време за промена, затоа што после дождот секогаш доаѓа сонце и после секоја зима следи пролет.  Само тогаш кога ќе престанеме да гледаме на лошите денови како на проклетство, ќе изгрее новото сонце кое ќе донесе многу нови шанси и можности за подобро утре.