Лошо расположение? – Еве како да го поправите за 60 секунди!

Понекогаш доаѓаат оние денови кога не сме расположени и кога ништо не ни оди од рака, но со овие трикови, ќе можете лесно да ги пребродите таквите денови. Повремено лошото расположение е сосема природна и нормална појава. И негативните емоции се сосема во ред.

Овие брзи и едноставни трикови ќе ве орасположат во рок од 60 секунди.

Слушајте ја омилената музика
Музиката ќе ве натера да запеете или да заиграте па позитивно ќе се одрази на вашето расположение. Докажано е дека веселите тонови можат да го подигнат нивото на расположение во многу краток период, затоа следниот пат кога ќе се почусвтвувате потиштено, пуштете ја омилената песна гласно и истерате ги негативните мисли.

Смешни видеа
Смеењето може да го зголеми нивото на серотонин и да ви помогне да се ослободите од насобратаната негативна енергија.

Направете нешто убаво за некоја особа
Понекогаш најдобар начин да се орасположите е така што ќе успреќите некоја друга особа. Тоа не мора да биде некој голем поклон. И малиот знак на внимание ќе ја израдува саканата личност, а воедно и вам ќе ви го попорави расположението. Кога ќе успеете да измамите насмевка на некој од околината, тоа ќе има позитивен ефект врз вас. Пробајте и уверете се!

Направете список на оние работи за кои сте благодарни
Благодарноста е дефинитивно еден од најбрзите и најефикасните начин за подобрување на расположението. Размислете за сите работи во животот за кои сте благодарни. Тоа може да биде нешто еднсотавно, како што е пристапот на чиста вода или нешто специфично во вашата моментална ситуација.




Коментари

[fbcomments]