Категории

Љубителите на книги живеат подолго

Книгата поттикнува „длабоко читање“ и за разлика од прелистувањето списанија и весници го тера мозокот на критичко размислување

Личностите кои читаат книги пола час дневно живеат во просек две години подолго од оние кои не се љубители на пишаниот збор. До ова сознание дошле научниците од универзитетот Yale, а во истражувањето учествувале повеќе од 3,600 мажи и жени постари од 50 години. Оние кои неделно другарувале со книгите повеќе од три часа имале 23 посто поголема можност да ги надживеат своите врсници на кои весниците и списанијата им биле единствен вид на „литература“.

Научниците тврдат дека книгите поттикнуваат „длабоко читање“ кое го тера мозокот на критичко размислување, во кое учествуваат сите негови делови. Читањето книги особено балетристики, ја зголемува емпатијата и емоционалната интелигенција, што може да доведе до квалитетна интеракција помеѓу луѓето. Тоа не значи дека треба да избегнувате весници и списанија, затоа што читањето само по себе го поттикнува размислувањето и го збогатува речникот кој го прави нашиот ум „отпорен“. Односно му овозможува полесно да поднесе последици од мозочен удар или некој друг облик на пропаѓање како што е Алцхајмеровата болест.

Прегледи:
646
Објавено на:
04.12.2019