Категории

Љубителите на минимализмот ќе ги обожаваат: 5 едноставни парчиња облека кои ќе ја карактеризираат оваа есен! (ФОТО)

Едноставната гардероба ќе биде на врвот на модната листа оваа сезона..

Оваа сезона е резервирана за едноставни модни парчиња без многу детали. Монохроматските парчиња се апсолутно шик. Со овој стил, облекувањето станува поедноставно и полесно, а секогаш ќе изгледате беспрекорно.

Оваа есен нема да може да помине без овие парчиња:

Чизми со четвртаста потпетица


Покрај тоа што изгледаат добро, чизмите со овакви потпетици се многу удобни. Со леснотија во нив можете да го поминете целиот ден, а тие само ќе ја зачинат секоја модна комбинација.

Широки џемпери


Парче кое ќе ве стопли во студените денови и ќе го направи интересен секој стајлинг. Џемперите со широки ракави се апсолутен хит.

Бела кошула


Незаменливо парче што диши со стил. Ова парче мора да го поседува секоја гардероба. Со него, секоја комбинација ќе изгледа стилски и елегантно. Совршено се комбинира со фармерки, панталони, здолништа и со скоро сé. Добрата бела кошула е инвестиција која ќе ви се исплати.

Плетен фустан до колена


Ова парче во секоја прилика ќе ви даде беспрекорен изглед. Фустаните како овој може да се носат со рамни чевли, но и со потпетици.

Едноставна црна чанта


Црна чанта без многу детали лесно се вклопува во сите комбинации, па ако одлучите да инвестирате во квалитетна црна чанта, тоа сигурно ќе ви се исплати.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
452
Објавено на:
08.10.2019