Категории

Љубов или зависност: Како изгледа безусловната љубов

Кога сакаме безусловно, болката на поврзаноста не може да влијае на нас. Да се сака безусловно е прифаќање на се онака како што е. 

Љубовта нема граници, нема облик и услови.
Кога би можеле да го разбереме тоа, не би имале потреба да гледаме тажни филмови во друштво на многу чоколадо, сладолед и тонејќи во самосожалување.
Најфаталниот убиец на врската е поврзаноста. Ова непријатно мало нешто на почетокот се прикрива со „љубовта“, а подоцна се искажува во вид на љубомора и зависност.

Поврзаноста е исто така позната и како ко-зависност, прави да веруваме дека не можеме да живееме без личноста која ја сакаме. А тоа не става нас и нив во опасен кафез. Кога нешто толку „длабоко“ сакаме, ние ја забораваме важноста на себеси и своите потреби, затоа што чувството на угодување на нашата најмила личност е толку добро.

Кога сакаме безусловно, болката на поврзаноста не може да влијае на нас. Да се сака безусловно е прифаќање на се онака како што е. Кога не можеме да прифатиме некој онаков каков што е, се обидуваме да го промением а себеси се уверуваме дека само ние знаеме најдобро. Тоа е често почеток на отровен однос.

Не е лесно да се сочува вистинската љубов и да не се дозволи да се претвори во поврзаност, но ова се 3-те тајни како да го остварите тоа пред да биде премногу доцна.

1.Запрашајте се што сте чувствувале првите неколку денови после средбата со саканата личност
Ако не можете да сетите на тоа чувство и искуство, тоа би требало да го посматрате како знак на внимание. Кога за прв пат ќе ја искусиме „љубовта“ со одредена личност, имаме огромно чувство на слобода и среќа. Нашите сетила стануваат посилни, го цениме животот и се е „онака како што треба да биде“.
Важно е да запомнете како сте се чувствувале без таа личност, во физичка смисла. Важно е да се обидете да се сетите како таа заљубеност влијаела на вашата благодарност за животот, само кога би помислиле на таа личност.

2.Љубовта е вечна и неспоредлива
Кога вистински сакаме некого, тоа би требало да биде безгранично. Треба да бидеме во состојба да сакаме некој толку целосно што и самата помисла на таа личност не задоволува.
Кога стануваме врзани за некого ние цело време посакуваме присутност на таа личност. Дури и ако знаеме каде таа се наоѓа – тоа не ни е доволно. А тоа е опасно.
Откако ќе дознаеме и ќе прифатиме дека љубовта нема крај, дека може да почувствува и помеѓу световите, преку океаните, тогаш ќе ја сфатиме важноста на овозможувањето слобода и простор. Не само на саканата личност, туку и на самите себеси.

3.Безусловната љубов е дефиниција на прифаќање на несовршеностите
Безусловната љубов сфаќа дека ништо не е совршено, тоа несовршеност е совршенство. Поврзаноста е супер критична, осудувачка, контролорна и сериозно. Ако некогаш сте се затекнале како донесувате одлуки за вашата сакана личност и/или и држите предавање за промената или како не ги исполнува вашите очекувања, – вие сте на пат спрема страдањето.

Безусловната љубов е трпелива и љубезна и сочувствителна во сите животни подрачка. Дава простор и задржува простор. Таа сака се што е , се што било и се што некогаш ќе биде.

 

 

Прегледи:
585
Објавено на:
02.02.2020