Категории

Љубовен хороскоп од најпопуларниот македонски онлајн астролог!

Многумина во секојдневието отвораат хороскоп и ги читаат предвидувањата на астролозите за тековниот ден, месец, година. Еден астролог го привлекува вниманието со своите фејсбук објави за поставеноста на ѕведите, планетите и како тие влијаат на нас.

Unofficial: Astrology  за своите следачи подготви љубовен хороскоп, кој го започнуа со воведната реченица „Обилни врнежи и грмежи, со повремени сончеви зраци“, а понатаму следи поединечно толкување за секој знак. Текст кој ви го пренесуваме во целост и кој веруваме дека сакате да го прочитате.

ОВЕН

Ако сте сингл, излезете, комуницирајте. Овновите знаат да бидат многу брзи и директни во зборот, за што се каат многу бргу, затоа комуницирајте мудро.
Отворете се за комуникација. Бидете автентични, не се претставувајте во вашата маска. Можеби нема да блескате оваа недела, колку што сакате.
Можеби ќе треба да го оставите вашето внатрешно јас, вашето его. Да се завртите околу вас и да погледнете дека можеби некој ве посакува. А вие можеби посакувате повеќе од еден.

БИК

Бикови, вие сте веќе во досадни љубовни релации. Ако сте сингл, појдете кај оној кој ви ја прави смислата на животот, или оној кој придонесува за вашето здравје. Вашето тело и здравје овој пат ќе ви покаже кој или која е вистинската за вас. Не срцето, не душата, туку телото ќе ви покаже кој е вистинскиот, која е забавната за вас.
Нема заштита од љубовта. Не можете да се изолирате од љубовта заради страв да не повлијае на вашето здравје.
Многу големи предизвици за вас. Премногу се плашите, а тоа ќе донесе многу тешки моменти во љубовните релации. Досадна недела за вас на план љубов.
Дали е ова вистинската приказна во која сте? Има некоја болка длабоко во вас, која сте ја сокриле длабоко во вас.

БЛИЗНАЦИ

Екстремна недела за љубовните релации за Близнаците. Многу интензивна недела во љубовта. Нешто ќе добиете од ништо и никаде. Многу од вас ќе го смените партнерот. Секси недела за Близнаците. Секс. Секс. Секс.
Можеби било кој допир, емотивна конекција онлајн, ќе ве однесе на најлуда авантура.
Се на се, немате многу верба во никого, нити во вас. вербата ви е многу нарушена. Верувајте на своите емоции, на пеперутките кои ќе ви заиграат во стомакот.
Многу притисок од сите страни, но вербата ќе ја најдете само преку конекција со добар партнер, прво на база на секс, а потоа може да се случи и подлабока врска.

РАК

Вам не ви е баш најлесно во љубовта, но мора да погледенете со што и кого сега сте опкружени. Тука ќе ја најдете љубовта. Не ги интерпретирајте пораките од Универзумот по ваше. Не избегнувајте длабока емоционална врска ако сте сингл. Ако не сте, многу предизвикувачка енергија во врските. Преплашени сте околу тоа што е вистината за вас. Сакате нешто сигурно, а добро знаете дека ништо не е сигурно и загарантирано.
Вие сте сега како мали деца. Мора да пораснете. Вие сте како невини деца. Но мора да сфатите дека вашите партнери не се такви како вас. Предизвикот е помеѓу чувството на вина, дали го живеете вистинскиот живот, дали потрошивте многу време со ист партнер. Ако сте сингл, пораснете и направете си оаза на љубовта од околината во која сте сега.
Ракот е оној или онаа кој сака сигурен човек крај него, со гаранција, човек кој ќе се грижи за вас и ќе ве обезбедува. Но, да бидам искрена, таков нема, нити ќе дојде. Прилагодувајте се. Љубовта ќе дојде ако се отворите. Оваа недела егото ви е големо и нема да биде сè подмачкано. Штом “пораснете” ќе преземете акција, а тоа ќе се случи по Еклипсите. Инаку сега ви е страшно досадно.

ЛАВ

Имате потреба да сознаете кој или која сте вие пред сè во љубовта. Проблеми во љубовните релации. Големи промени. Љубовните врски ве носат далеку од вашето вистинско јас. Вие сте тука да светите силно. Бидете внимателни. 100 % прогноза за можни проблеми во врските.
Она што не сте вие, ве турка од патот на кој би требало да останете- патот на вашата среќа.
Заштитете се од предизвиците.
Идентифицирајте се со она што е чиста љубов. Слушајте го срцето, лавовското срце. Излезете со пријатели.
Така ќе сфатите дали се враќате на вистинското место со кој сте сега. Или ако сте сингл ако излегувате, вистински луѓе ќе влегуваат во вашите животи.
Некој ве држи да не ја допрете среќата во животот.
Голема недела за Лавовите.

1 2

Прегледи:
3984
Објавено на:
12.06.2019