Категории

Љубовна приказна: Спојувањето на сродните души

„Понекогаш се прашувам, вистински се прашувам.
Дали нашите души беа создадени од истата ѕвезда. Дали линиите на нашите животи отсекогаш биле наменети да се сретнат и поврзат. Дали Бог, или универзумот, или што и да го држи клучот на судбината, навистина запиша да бидеме заедно. Без оглед на се, нашата средба беше нешто кое судбината го предодредила, и создавачите на се.

Или можеби, можеби не постојат никакви планови воопшто. Можеби не постои некој голем план и ние едноставно сме создадени за да бидеме. Можеби и воопшто не требаше да се сретнеме, но сепак го сторивме тоа. Можеби таа поврзаност која ја чувствуваме беше родена од ништо, од години поминати во прегратки и безусловна љубов.

Се прашувам дали сево ова било речено да се случи. Затоа што се случи, и би сакала да му се заблагодарам на оној кој те доведе во мојот живот, кој запиша во ѕвездите јас и ти да се случиме.

А ако не е така, ако овој свет е само една голема хаотична топка, тогаш ти се заблагодарувам тебе, што ме пронајде. За тоа што твојата душа ја сретна мојата и ја пречека без сомнеж.“

Прегледи:
125
Објавено на:
03.11.2020