Љубовна приказна во три чина, раскажана преку беспрекорни фотографии со љубовта како главна улога #ИнстаСреќа

Љубовна приказна во три чина, ни раскажува @lovestory.trilogy. Нараторот е Марија Треневска, а иако фокусот и на храната, убавината во процесот на создавање, но и консумирање, таа опфаќа и други аспекти од нејзиниот живот.

Ја користи платформата и тројната поставеност на сликите, да раскаже приказна од три чекори. Некогаш создава, некогаш „уништува“, некогаш патува и доживува, љуби и ужива во едноставните нешта кои ги нуди животот. Ја прашавме од каде и е инспирацијата за трите чекори?

„Трилогијата која ја нареков „љубовна приказна“ ја започнав пред три години кога посериозно се заинтересирав за состојките во вкусните оброци и постапката на нивното создавање. Името се наметна само по себе, бидејќи комбинацијата на вкусовите, нивното приготвување и сервирање треба да се прават со љубов за да се постигне нешто кое што ќе мами погледи (и стомаци).“

 

„Подоцна концептот се прошири на повеќе аспекти од мојот живот, бидејќи во секој од нив е проткаена истата филозофија: комбинација од состојки и љубов за да се создаде задоволство.“

Има некоја посебна убавина во процесот на создавање, многумина уживаат да ја гледаат почетната форма на нештата, начинот на кој се менуваат и крајниот резултат. Таа тоа така умешно го прави и ни го доловува целиот процес во само три фотографии.

Нејзиниот профил изгледа дека претставува обединување на две пасии, готвењето и фотографирањето. Ќе ни ја откриеш ли тајната, кој готви, кој фотографира или се правиш сама?

„Да, уживам да “јадам со поглед“ пред вистински да го вкусам оброкот кој го имам приготвено, затоа најчесто за мене готвењето и фотографирањето одат во комбинација.“

„Готвиме и фотографираме заедно со мојата послатка половина Дамјан, кој го има на голем дел од фотографиите, а на уште поголем дел позади сцената. Имаме организација кој што приготвува, кој што да фотографира, и како да се испразнат чиниите на крај.“

 

Искусувајќи ги нештата и прикажувајќи ги во три чекори, ни ја дава комплетната слика за секое искуство.

Секој процес си има своја убавина, и создавањето и искусувањето, но во што ужива повеќе? „Во создавањето. Вкусувањето го препуштам повеќе на други.“

Треба да имаш око за детали и високо развиено чувство за естетика, за да ги создадеш вакви фотографии, а таа ги создава со мобилен телефон, што е доказ дека опремата не е пресудна да се издвоиш од останатите.

„Поголемиот дел од фотографиите се направени со мобилен телефон, со исклучок на некои исклучително важни моменти кои биле овековечени со нашиот DSLR фотоапрат.“

„Обработката е најчесто минимална, и се состои главно од сечење на сликите и прилагодување на балансот на боите за да изгледаат складно кога ќе се постават една до друга, како што е случајот со  Инстаграм профилите. Ова најчесто го правам во VSCO доколку се работи за фотографија направена со мобилен телефон, или со Lightroom/Photoshop доколку фотографијата доаѓа од DSLR апарат.“

Што те прави среќна?

„Среќата ја наоѓам во деталите.“

И ние би се согласиле дека среќата е во деталите, а токму тие ја прават сликата комплетна. Перфекцизмот и креативноста на  @lovestory.trilogy е причината заради која нејзиниот профил треба да биде еден од профилите кои ги следите на инстаграм.




Коментари

коментари