Категории

Љубовната приказна на Ерос и Психа – На што не учи?

Дали сте ја слушнале една од најубавите љубовни приказни од Олимп, митот за Ерос и Психа кои морале да поминат низ различни циклуси на развој на личностите за конечно да се спојат?

Приказната започнува вака..
Психа била најубавата смртна девојка на светот, нејзината убавина била ненадмината што ја спречило да пронајде маж за себе. Потрагата на Психа по љубовта, додатно ја отежнила Афродита, божицата на убавината со својот гнев.

Афридита, љубоморна на Психа поради нејзината убавина, со цел да ја казни затоа што се осмелила да се спредува со неа, спремила освета со помош на Ерос, богот на љубовта. Таа го натерала својот син Ерос со своите стрели да ја погоди Психа и да ја натера таа да се заљуби во Смртта, младоженецот кој Афродита го избрала за неа. Но наместо тоа Ерос се набодел на сопствените стрели и самиот се заљубил во Психа, па ја грабнал.
Тој и ветил рај но под услов таа никогаш да не го погледне и да не го прашува каде е, што прави и која е неговата работа.

Нивниот однос бил класичен патријархат, каде жената била потчинета на мажот, каде таа потполно се предава,
Но иако во брак,  Ерос и понатаму сакал да остане син на Афродита, а не да е сопруг на Психа во целост.

Психа под влијание на своите сестри открила кој е всушност Ерос така што го изгорела со масло од ламба, тој се налутил и побегнал кај Афродита, со што се открива дека тој сеуште не бил подготвен да се осамостои и индивидуализира.

Додека Ерос бега од љубовта, Психа истовремено се борела да ја врати љубовта на Ерос. Таа побарала помош од сите божици, но никој не сакал да ја налути Афродита. Богот Пан одлучил да и помогни, тој ја убедил Афродита да ја сослуша Психа.
Афродита и дала четири задачи на Психа кои таа ги исполнина, со што таа го преминала патото од девојка во зрела жена.

Првата задача била да ги подели различните видови семиња.На очајната Психа и пристигнале мравите на помош. Мравите се симбол на интуицијата со цел да ја потсетат треба да го слуша внатрешниот глас и да го одвои важното од неважното.
Втората задача била да собери златно руно од сите диви овнови. На помош и пристигнале трските со совет да го почека самракот, да биде трпелива и до нив да дојде по обиколниот пат.
Во третата задача, Психа зема пехар вода од реката Стикс, рекоја која се спушта низ планината и тече во подземјето и повторно извира на планината. Задачата ја извршува со помош на орел, кој може да ја набљудува реката од двете перспективи, симбол на духовното и инстинктивното.
Целта на оваа задача била Психа да научи да се насочи на само едно нешто.

Четвртата и последна задача се однесува на слегување кај Хад. Психа како смртничка не е бил дозволен влез во Подземјето, но таа не само што успеала да стигне до кралицата на подземниот свет, Персефона, туку и успат да стане посилна, поцврста, помудра, позрела, поотпорна.

Пронаоѓа силни искушенија и паѓа на последното – Ја отвора кутијата на Персефона, иако и била дадена особена забрана – со цел да се разубави и да му биде попривлечна на Ерос.
Таа поминала цел пат од мракот и назад и на границата со светлината, таа се сокрила за да изгледа поубаво.

Откако љубопитноста ја совладала, таа ја отворила кутијата од која излегол сонот кој веднаш ја обзел.

Откако видела дека Психа го дала животот за неговата љубов, Ерос конечно се разбудил и превзел одговорност, заминал од закрилата на неговата мајка Афродита за да ја спаси Психа, ја одвел на Олимп и таму Психа станала божица, и од смртта се родил животот, со што овој циклус на трансформација на Ерос од син на Афродита до сопруг на Психа, и метаморфозата на Психа од девојка до зрела жена и од смртничка до божица завршува.

Психа  потсеќа дека развојот на личноста поминува низ многубројни фази; раздвојување на важното од неважното, чекање на вистинското време, фокусирање на важното, прикажување слабости и потполно предавање на страстите.
Таа доаѓа до остварување на желбата до која ја водело нејзиното срце и станува божица за себе.