Љубовни дилеми: Зошто тој одеднаш престана да ви одговара на пораките?

Мажите решија отворено да се изјаснат на прашањето кое ги мачи сите жени

Се запознавте и ви се чини дека помеѓу вас има силен електрицитет. Нештата течат спонтано и речиси совршено. Се допишувате веќе некое време и имате одлично разбирање и комуникација, но потоа одеднаш… ништо. Не ви одговара на пораките, а вам не ви е јасно зошто – дали можеби сте го повредиле а не сте го сфатиле тоа, или сте рекле нешто погрешно?

Секако може да му се сличи да му се испразнила батеријата, да прави нешто важно, но можно е и да не ви одговара на пораките поради некоја од овие причини:

Не сака да ве види повеќе
Доколку не ви одговара на пораките, а знаете дека ништо не се случило, многу е веројатно тој едноставно да не сака ништо да има повеќе со вас, и одлучил на овој начин да стави крај.
Мажите таквото однесување го објаснуваат на начин дека најчесто тоа се случува кога некој е голема кукавица тоа да ви го признае во лице. Веројатно повеќе не му се допаѓате колку што мислел дека ќе му се допаднете, или веќе го добил од вас она што го посакувал.

Емоционално е незрел
Кога еден маж одеднаш ќе ја прекине комуникацијата, можно е да има на ум нешто за кое што не знае како но и не сака да разговара.
Мажите открија дека тоа најчесто го прават кога имаат повеќе опции за избор, па некоја друга опција ќе му се покаже поинтересна, но не сакаат конкретно да завршат со претходната па затоа избегнуваат контакт некое време.

Не сака премногу да се труди
Доколку допишувањето трае долго време, и веќе сте излегле на неколку состаноци но меѓу вас сеуште нема ништо конкретно, многу е веројатно дека на мажот му здосадило постојаното трудење па мисли дека е време да продолжи понатаму со некој полесен плен.




Коментари

коментари