Љубовни грешки кои не смеете да ги правите на почетокот на врската

Иако сите сакаме партнер кој е грижлив и кој прави се за да не развесели и да ни покаже колку му значиме, понекогаш е подобро постепено да се откриваат емоциите и да не се претерува. Следните грешки треба да ги оставите на страна особено ако сте на почетокот на врската.

1. Искажување љубов веднаш на почетокот

Љубовта е прекрасно чувство, меѓутоа и за најубавите работи постои вистинско време. Освен што со зборовите „те сакам“ ако ги изговорите прерано можете да постигнете спротивен ефект, можете многу лесно да го оддалечите партнерот од себе, бидејќи тоа што го чувствувате на почетокот на врската всушност е заљубеност, а не вистинска и искрена љубов. Приказните за тоа како тој е вашата сродна душа или дека знаете дека тој е вистинскиот оставете ги на страна, додека не ги раздвоите своите емоции.

2. Премногу информации на првиот состанок

Интимните приказни за вас и вашето семејство, за некои случувања или ситуации задржете ги за себе додека не бидете сигурни дека станува збор за сериозна врска. Почитувајте ја и сопствената и туѓата приватност и никогаш немојте да се отворате целосно.

3. Претерано допишување

Иако почетокот на врската е многу возбудлив период, обидете се да се контролирате и немојте да претерувате со праќањето пораки бидејќи би можеле да станете прилично напорни. И не инсистирајте да поминувате време заедно.

4. Големи ветувања

Овде не се мисли на ветуваата дека ќе го одвете во својот омилен ресторан, туку на ветуваата дека никогаш нма да го повредите, или дека никогаш не би напраиле нешто такво. На тој начин, доколку направите нешто за кое сте рекле дека ниокгаш нема да го направите само ќе го разлутите и разочарате партнерот. Преку своите дела покажете ја вашата личност, не се расфрлајте премногу со зборови.

5. Љубомора

„Премногу те сакам за да можам да те замислам со било кој друг“. Реченици како оваа не само што ве претставуваат како љубоморна туку и оставаат впечаток на параноична личност ја се врзува за секого. Обидете се од почеток да работите на меѓусебната доверба која е еден од клучните фактори за успешна врска.




Коментари

коментари