Љубовта е во воздухот: 5 идеални дестинации за заљубените парови! (ФОТО)

Вистина е дека секое место е магично ако ја имате вистинската личност покрај себе. Меѓутоа, некои дестинации имаат посебна љубовна енергија, магично зајдисонце и романтични градби.

Бриж, Белгија

Старомодни куќи и градини преполни со цвеќе, улиците со калдрма претставуваат совршено место за романтично бегство во пар. Најромантичната активност тука е возењето со брод, а најпопуларниот вид на сместување се хотелите со поглед на каналот. Читајќи меѓу редови, повторно би се заљубиле, зар не?

Венеција, Италија

Еден од најубавите италијански градови и омилена дестинација на заљубените туристи. Кој не би сакал да се вози на гондола во прегратка на саканата личност или да пиете вино во некој од рестораните со најубав поглед во светот. Градот е создаден за уметниците, романтичарите и оние кои ја обожаваат уметноста и историјата. Според некои анкети, Венеција е и еден од омилените градови за венчавање и меден месец.

Кјото, Јапонија

Некогашната престолнина на Јапонија се наоѓа меѓу најромантичните светски дестинации поради својата единствена архитектура и убавина на зен градините. Доколку сте вистинска романтична душа, посетете го Кјото напролет кога процветуваат црешите и цел град е исполнет со мирисот на цветот.

Кападокија, Турција

Местото на шарените балони кои едрат по небото над невообичаените карпи стари повеќе од 40 милиони години, нешто што не би сакале да го пропуштите. Ова место остава посебен впечаток ако го посетите во друштво со својата драга личност бидејќи не само што ќе уживате во неверојатната глетка, туку ќе ја запознаете и богатата историја на овој древен азиски регион.

Лисабон, Португалија

Престолнината на фадо музиката и добрите вина е еден од градовите од кој туристите се враќаат уште позаљубени отколку што отишле. Идеален е за истражување на богатата историја со која може да се пофали оваа дестинација. Долги прошетки, уживање во архитектурата на која никој не останува рамнодушен, специјалитетите и топлата боемска енергија прават овој град засекогаш да остане во срцето на туристите.




Коментари

коментари