Категории

Љубовта го штити и лечи нашето тело – Еве како таа влијае врз него

Сите знаеме дека љубовта прави да се чувствуваме добро, но дали сте знаеле дека позади тоа постои нешто друго?

Еве на кои начини љубовта вистински влијае врз нас и нашето тело.

Љубовта е природен анелгетик
Сите знаеме дека прегратката не прави да се чувствуваме пријатно и утешено. Сепак неодамна спроведените истражувања покажуваат дека хемиското спојување окситоцин кое во мозокот создава чувство за мир и блискост и се ослободува во текот на 10-20 минути поминати во прегратка, може значително да ја намали болката, особено главоболката.

Исто така и гледањето фотографии од својата сакана личност го подобрува прагот на издржливост и ја намалува болката во 40% од случаите.  Од друга страна, сексуалната стимулација исто така ја блокира болката. Тоа особено е изразено кај болките во грбот и симптомите на артритис и грчеви.

Љубовта се грижи за вашето срце
Истражувањата покажале дека изразувањето на љубовта го намалува бројот на отчукувања на срцето за половина. Тоа влијае врз стресните ситуации и долгорочно го намалува ризикот од срцеви болести.
Освен тоа окситоцинот кој е познат и како љубовен хормон, го намалува стресот, крвниот притисок, ја намалува анксиозноста ја зголемува самодовербата и помага против депресијата.

Љубовта лечи несоница
Љубовните хормни окситоцин и ендорфин инхибираат ослободување на кортизол, хормон одговорен за стрес а тоа доведува до подобар одмор.
Исто така е докажано дека хормоналното престројување кое се случува во текот на водењето љубов е едно од најважните третмани за мирен сон.

Љубовта ја намалува веројатноста од создавање на зависност
Опијати, никотин, кокаин, алкохол создаваат зависност поради тоа што го променуваат нивото на допамин во нашето тело. Допаминот е хормон кој е одговорен за изненадниот наплив на задоволство и еуфорично чувство.
Заљубеноста функционира на истиот начин, сепак освен допаминот, исто така поттикнува лачење на тестостерон и окситоцин кој ја прават најдобрата комбинација во избегнување и борба против зависностите.

Прегледи:
531
Објавено на:
02.02.2020