Заврши и вториот мандат на претседателот на САД, Барак Обама кој во историјата е запишан како прв претседател од афроамериканско потекло, но не само тоа, тој е еден од најхаризматични претседатели досега.
Тоа што беше еден од најмоќните луѓе во светот, не го направи ладен и резервиран во јавноста, напротив тој во многу наврати се појавуваше со своето семејство, беше отворен, говореше за нив и често ја искажуваше својата посветеност и љубов за нив.
Првата дама, Мишел, никогаш не разочара. Секогаш со беспрекорен стил и одлично држење, беше жена која одлично се носеше и постави повисоки стандарди за првите дами кои допрва ќе доаѓаат. Целосно посветена на својата улога, започна повеќе кампањи кои ја будеа јавната свест и раѓаа промени. Сетоа ова не е така чудно, кога ќе ги погледнете Барак и Мишел заедно, како пар, како единство. Тие изгледаат како никој од страна да не ги гледа, изгледаат сеуште како млади и заљубени.
Тие инспирираат, а низ овие 15 фотографии може да ја видиме нивната љубов.