Категории

Љубовта влегува преку стомакот: паровите кои повеќе се сакаат повеќе се дебелеат

Експертите од Северна Каролина спроведоа студија со повеќе од 8.000 луѓе. Ја следеа нивната тежина во текот на годината и ги анализираа промените во нивната врска. Откриено е дека во првите 6 години на бракот жените просечно се здебелуваат за 10,88 килограми.

Оние кои живеат со својот партнер, а не се во брак, имаат 9,97 килограми повеќе, додека жените кои се во врска, но не живеат со својот партнер, имале 5,89 килограми повеќе во истиот период.

Податоците за мажите не отстапуваат многу од овој тренд. После две години на соживот со својата партнерка, тие имаат двојно поголеми шанси да стигнат до повеќе од 11 килограми.

Заклучокот на студијата е дека среќните двојки не внимаваат на тоа што и колку јадат, бидејќи повеќе не чувствуваат вознемиреност поради нивниот физички изглед  и немаат потреба да изгледаат совршено за да ги привлечат потенцијалните партнери. Во лошите односи ситуацијата е обратна. Партнерите постојано се под стрес и затоа често немаат апетит.

Интересно е, сепак, дека бракот има позитивен ефект врз намалувањето на пушењето и конзумирањето на алкохол. Од една страна, среќата во љубовта има негативен ефект врз здравјето и телото, а од друга страна ни помага да се ослободиме од некои други штетни пороци за нашиот организам.

Прегледи:
458
Објавено на:
30.11.2018