Категории

Мачки кои се појавуваат на најнеочекувани места

Дали се чувствувате како животот често да ни се врти околу мачки?

Или барем интернет животот? Пријателите ви праќаат мемови со мачки. Родителите објавуваат слики од мачки. Вие мислите на мачки често. Не сте сами – луѓето гледаат мачки насекаде околу нив.

На интернет е почнат нов тренд каде што луѓе гледаат мачки во секакви движливи и недвижливи објекти, и резултатот е пресмешен. Погледнете ги подоле овие преслатки слики од мачкеста параидолиа.

Оваа торба личи како маче кое е филозоф.

 

Ако некој ви гледа на кафе и го види ОВА, што ли ќе значи? Дека ќе имате многу мачки во животот?

 

Во сенката се кријат сите најдлабоки желби… желби да има уште повеќе мачки!

 

Дури и на чај да ви гледаат, пак мачки ќе ви најдат.

 

Ова е веќе права уметност. Силуета на маче, а внатре разбранувана вода. Баш убаво!

 

Ова е облаче и маче и куче во исто време. Исто така, ако добивте нагон да пискате од што е толку слатко, не Ви замеруваме.

 

Трева камуфлирана во голема мачка!

 

Во ова јаболко се крие намуртено маче. Можеби се лути бидејќи немало црви!

 

Хари Потер и Каменот на… Мачката??? 

 

Ова куче во шарката крие маче кое се припрема да кивне. Готово, гаси интернет за денес.

 

…ЧЕКАЈ, уште не гаси интернет, бидејќи овој ИНСЕКТ буквално има шара со лице од мачка со наочари!?

 

Оваа пудра кога ќе порасне сака да биде маче. И, сосема ѝ успева мисијата!

 

Е, нема овде да паркираш, овде е мјао-е место. 

Прегледи:
746
Категории:
Фотографија · Хумор
Објавено на:
20.08.2020