Категории

Луѓе споделуваат кои неконвенционални работи ги расплакуваат – ова се најинтересните одговори

Анонимен корисник на Reddit постави прашање: „Што е неконвенционално, а вас ве расплакува?“. Многу корисници дадоја слатки и интересни одговори. Прашањето само по себе е многу интересно и интимно, и не’ тера да откриеме делче од себеси кое е ранливно и фрагилно, но покажува дека, на крајот на денот, сите сме луѓе.

Подоле ги собравме и ги преведовме најинтересните неконвенционални работи кои ги расплакуваат луѓето низ светот.

1. Почнувам да плачам секогаш кога разговарам за своите емоции.
2. Кученца. Јас сум 43 годипен маж и не можам да се воздржам, а да не се расплачам, кога ќе видам малечки кученца кои се полни со живот и добрина во нив. Не ми е ни срам, Горд сум на оваа емотивна страна од себеси.


3. Не знам колку е ова неконвенционално, но ако некој за кој се грижам почне да плаче, веднаш и јас плачам по него.
4. Еден цел ден си замислував за тоа како кога ќе се враќам дома, ќе си купам чоколада и ќе ја јадам. Цел ден се радував на таа помисла. По работа, појдов до супермаркет, си платив, си излегов, си појдов до дома, и дома сфатив дека иако ја платив чоколадата, сум ја оставила во супермаркетот. Плачев како малечко бебе.
5. Кога некој се труди од петни жили да направи нешто убаво за некого, и другата личност не го цени тоа. Кога ќе се случи некому или кога ќе се случи на филм, иако го прикажуваат како смешна ситуација, јас навистина се вознемирувам и плачам силно.
6. Плачам на убавината на ноќното небо.


7. Плачам кога и да се сетам на моите родители. Живи и здрави се, но сепак, фактот дека постојат и дека ме изгледале и воспитале е толку сладок што плачам.
8. Домашните задачи по математика. Студирам информатика.
9. Плачам секогаш кога ќе видам вода која се протега подалеку од мојот хоризонт. Море, езеро… бескрајноста едноставно ме допира.
10. Не сум патриот, но плачам на химната.

A Pledge of a Major Gift Should Not be Credited to an MGO

Прегледи:
2