Категории

Луѓето ќе те почитуваат тогаш кога ќе почнеш да се почитуваш самиот себеси

Само тогаш ќе ја заслужиш почитта на другите, кога ќе престанеш да се трудиш и да даваш се од себе за да ја добиеш. 

Луѓето ќе почнат да те почитуваат тогаш кога ќе почнеш да се почитуваш самиот себе, кога ќе престанеш да бараш оправдување од другите и кога единствен глас кој има право да ти суди е само твојот. Почитта доаѓа тогаш кога ќе сфатиш дека не си совршен и ќе го покажеш гордо лицето со лизни и рани пред светот без нималку срам, затоа што тоа е лице на борец.

Луѓето ќе почнат да те почитуваат тогаш ќе престанеш да се трудиш да ги импресионираш сите, и ќе престанеш да се споредуваш со другите и да се натпреваруваш со нивните достигнувања.
Тогаш кога ќе престанеш да бегаш од своите стравови и ќе научиш да им се насмевнуваш на твоите солзи, тогаш кога ќе докажеш дека си само човечко суштество кое има право да ја покаже својата ранлива страна пред светот и не ја смета за своја слабост.

Само тогаш ќе ја заслужиш почитта на другите, кога ќе престанеш да се трудиш и да даваш се од себе за да ја добиеш. Луѓето не го ценат оној кој дава се од себе, туку оној кој знае кога е вистинско време и кога е вистински доста.

Прегледи:
258
Објавено на:
15.04.2020