Луѓето кои често плачат имаат посебен карактер

Тоа е знак за здраво срце

Луѓето се носат со чувствата на различен начин, а исто така и ги изразуваат. Со плачењето во главно се поврзува длабокото чувство на тага а и не мора тагата секогаш да е посредник.

Спрема психолозите, плачењето е добро и здраво, а личностите кои многу плачат се посебни. Следниот пат кога ќе бидете на работа на солзите, сетете се на овие неколку нешта за плачењето.

-Плачењето го намалува стресто, ако сте личност која лесно ги испушта емоциите надвор, тогаш полесно ќе се носите со тешките животни ситуации. Откако ќе се исплачете, ќе почувствувате олеснување и ќе бидете во состојба појасно да ја согледувате ситуацијата која ве расплакала.

-Покажувате дека не се плашите од сопствените чувства – плачењето е знак дека не се плашите од она што го чувствувате. Плачењето е знак дека ја прифаќате сопствената ранливост и чувствителност. Тоа е знак дека сте силна личност.

-Плачењето е исто така знак на здраво срце и мозок.
Покажувате колку сте храбри – личностите кои ги покажуваат сопствените емоции се храбри и автентични. Важно е да ја живеат сопствената вистина, отколку да се грижат што другите мислат за нив.

-Плачењето помага да воспоставите рамнотежа – Ги прифаќате сопствените чувства а плачењето е дел од процесто, полесно ќе ги отпуштите чувствата кои ве тиштат.

 




Коментари

[fbcomments]