Луѓето кои постојано доцнат се посреќни

Иако доцнењето ги нервира луѓето во вашата околина, добрата вест е дека тоа укажува на оптимистична и среќна личност

Иако ова не е друштвено прифатливо, доцнењето всушност е добро за нас.
Истражувањата покажуваат дека личностите кои не успеваат никаде да стигнат на време, се посреќни, но и поздрави од оние кои никогаш не доцнат.
Во Харвард беше спроведено истражување кое го покажа влијанието на оптимизмот врз здравјето што резултира со тоа дека личностите кои постојано доцнат имаат подобро здравје и се генерално посреќни.

Причината е еноставна, таквите личности во главно се оптимисти. Дури и кога е кристално јасно дека не можат да стигнат на време, тие не се откажуваат од уверувањето дека сепак ќе успеат.
Во секој случај, ваквото размислување има голем плус затоа што тера на поместување на сопствените граници и остварување на сопствените соништа. Оптимистите се поопуштени, слободни и креативни, а оптимизмот има и добро влијание на нашето здравје така што го намалува нивото на коритозол кој има штетно влијание на срцето и хормоните.




Коментари

[fbcomments]