Луѓето кои скијаат не патат од депресија и посреќни се во животот

Скијањето е спорт кој го спојува човекот со природата и му овозможува да диши чист воздух и да уживате во преубавите планински врвови. Иако скијањето многумина го вбројуваат во екстремни спортови, тоа не е толку опасно и може да биде многу пријатно ако вие одлучите така. Најновата  научна студија се обидела да утврди како различните спортови влијаат на психата на луѓето.

Бидејќи зимата е во тек, многумина зимските празници ги поминуваат на планина и уживаат во планинската магија, па затоа оваа студија се позанимавала со влијанието на овој спорт врз човековата психа. Утврдено е дека луѓето кои скјаат се за 70% помалку депресивни и многу посреќни од луѓето кои тоа не го прават.

Причината за тоа е зголемувањето на физичката активност која доведува до лачење на сератонин, но и самиот амбиент во кој се наоѓаме. Докторите тврдат дека иако луѓето се навикнати на градовите и модернизацијата, на нивниот ум им одговара природата.

Иако докторите признаваат дека скијањето и скап спорт, тие советуваат макар неколку денови годишно да поминете на најблискиот ски центар и да се спуштите низ падините кои ви одговараат, бидејќи после тоа сигурно ќе бидете посреќни.




Коментари

[fbcomments]