Категории

Луѓето со оваа боја на очи се уникатни – Некои ги сметаат за потомци на боговите

Некогаш сите луѓе имале изразени темни очи, се додека не се родило едно бебе и ја променило целата историја

Веќе илјадници години – СИНАТА боја на очи се обожава и идеализира. Таа станала стандард за убавина и симбол на светлината. Денес синооките луѓе ги гледаме често, но дали сте знаеле дека во еден период од минатото, воопшто не постоела сина боја на очи?

Генетска мутација
Сината боја на очи е резултат на генетска мутација која се случила пред околу 6 до 10 илјади години, судејќи по многубројните извори. Верувале или не, сите луѓе со сини очи се наследници на само една личност која била првата која имала сини очи и била мутација на генот OCA2, што го променило создавањето на меланинот во зеницата.

Денешните луѓе кои имаат сини очи имаат иста генетска мутација, во ист дел од својата ДНК што е јасен доказ дека имаат еден заеднички предок кој е ајверојатно роден некаде на северозапад околу Црното море (Украина, Молдавија, Румунија) во добата на неолитот.

Како преживеала оваа мутација?
Научниците се збунети околу тоа како оваа мутација успеала да ги преживее основните принципи на еволуцијата и почнала да се шири околу светот. Најпрво, мутацијата мора да им даде одредена предност како би го преживеала природниот процес на селекција. Интересно нешто околу плавите очи е тоа што оваа мутација не обезбедува никаква особена предност, често може и да биде штетна.

Рожницата е доста чувствителна на било какво механичко надразнување, во споредба со рожницата на луѓето кои имаат кафеави или црни очи. Да не споменуваме и дека синооките луѓе најчесто се подложни на некои окуларни болести кои можат да доведат до нервна ексцитабилност, мигрена и проблеми со преголема чувствителност.

Мистицизам и духовни верувања
Милиони години луѓето имале темни очи, а потоа родители со темни очи одеднаш добиле дете со сини очи. Поради што требало толку долго време? Поради што мутацијата се манифестирала во одреден временски период? Што би можело да ја предизвика оваа појава?

Дали тоа би можело да биде дар од Бога?
Можеби и да, илјадници години наназад, луѓето верувале дека боговите имале поинаков изглед отколку обичниот човек, со што се поврзува и фактот дека тие имале поинаква боја на очи од луѓето за кои тогаш се знаело дека поседуваат темна боја на очи.

Научните докази велат дека денешни синооки луѓе потекнуваат од еден предок, а спрема митологијата, античките богови имале сини очи. Можеби сините очи се наследници од „боговите“.

Прегледи:
1069
Објавено на:
03.04.2020