Категории

Луѓето со скршени срца умеат да сакаат како да нема утре

Луѓето кои имаат најголемо срце се најлесната цел. Мета на сите оние фрустрирани кои никогаш не се реализирале, па мораат да го истурат своето незадоволство кај некого. Целта се луѓето со добро срце кон оние кои сакаат да се докажат, да се издигнат, да покажат дека во се се поголеми од другите. И тогаш не бираат средства, туку удираат со сета сила каде што можат. Ги потценуваат, газат, го понижуваат најдоброто кај луѓето, она што самите го немаат и што никогаш нема да го разберат.

Овој свет е суров. Најдобрите ги става на најголемата бура. И им дозволува на оние без душа и совест да си играат со нив. Кажете што сакате, но луѓето со најголеми срца никогаш нема да се откажат да бидат тоа што се. Никогаш нема да престанат да сакаат дури и кога биле повредени до срж. Затоа што знаат дека овој свет не може да постои поинаку. Некој мора да ја врати таа оригинална убавина и сјај и искрена вера. И само тие можат да го направат тоа.

Прегледи:
559
Објавено на:
11.12.2021