Категории

Луѓето се гладни за љубов а не за леб

Животните се среќни се додека се здрави и имаат доволно храна. За човечките суштества се мисли дека би требало да се среќни доколку го имаат истото. Но, во современиот свет тие не се среќни, барем не повеќето од нив.

Иако од различен вид, тагата не среќава насекаде. Човечките лица се како книга, страдањето е запишано на нив . Ако лебот е храна за телото, љубовта е храна за душата. Без храна, телото ќе умре за неколку дена, а без љубов човекот е мртов додека e жив. Зачнати од љубов, носени со љубов, одгледани со љубов, луѓето дишат за љубов. Кога нема љубов околу и во нас, тогаш не сме цели и почнуваме да страдаме, стануваме гладни за љубов.

Чуството да бидеш сакан е неопишливо . Во денешно време ретки се луѓето што искрено сакаат , но тие што се ретки заслужуваат да бидат сакани од страна на другите луѓе. За секој човек има храна а и за секој човек има и љубов доколку сака да се заљуби.

Никој не е принуден со сила да сака , но кога имаш љубов имаш све. Љубовта му е потребна на секој човек. Секој човек сака да биде сакан и заслужува да биде сакан ако и тој ги сака и почитува другите луѓе.

Добро е сите меѓусебно да се сакаат , добро е сите да си го најдат својот партнер и да се запознаат и со својата иднина и да создадат своја иднина. Затоа сакајте и ќе бидете сакани !

БЕЗ ХРАНА НЕМА ЖИВОТ НО И БЕЗ ЉУБОВ НЕМА ЖИВОТ !

Прегледи:
2192
Ознаки:
·
Објавено на:
08.02.2016