Лујза Хеј: Еве како негативните мисли го загрозуваат нашето здравје

Науката откри дека не треба да си дозволиме „луксуз“ да размислуваме со негативни мисли. Тие нè прават болни, а воедно и нè убиваат.

Запознајте ги вашите внатрешни гласници.

Секој пат кога размислуваме или зборуваме, произведуваме хемикалии кои патуваат низ целото наше тело.

Навистина нема смисла да живееме подолго ако не научиме да го прифатиме фактот дека сами сме си одговорни за нашето здравје. Храната што ја консумираме, вежбите што ги правиме и што е најважно, мислите што мислиме – нашата ментална атмосфера – сите придонесуваат за нашата здравствена состојба.
Секој од нас би сакал да го воведе зборот невропептиди во нашиот речник. Ова е збор што ги опишува различните хемиски гласници кои патуваат низ нашето тело секогаш кога ќе размислиме нешто или ќе кажеме збор. Секогаш кога размислуваме или зборуваме, произведуваме хемикалии кои патуваат низ нашето тело, допираат до секоја од нашите клетки и вбризгуваме еден дел од таа хемикалија во секоја од нив. Научникот што го открил ова се вика д-р Кандис Перт. За повеќе информации за нејзиното истражување, прочитајте ја нејзината книга “Everything you need to feel Go(o)d“. Фасцинантни работи!

Ако нашите мисли се полни со страв, гнев или на кој било начин негативни, тогаш хемикалиите што овие гласници ги инјектираат во нашите клетки се штетни за нашиот имунолошки систем. Ако нашите мисли се полни со љубов, оптимистички и позитивни, тогаш хемикалијата што ја инјектираат овие гласници – невропептиди – ќе го подобри нашиот имунолошки систем.
Од момент во момент свесно или несвесно избираме здрави или нездрави мисли. Овие мисли влијаат на нашето тело. Една мисла како мисла и нема толку силно влијание врз нас. Сепак, сите ние во просек мислиме по 60,000 мисли на ден, а ефектот на нашите мисли се наталожува. Отровните мисли го трујат нашиот живот. Науката сега открива дека не можеме да си дозволиме „луксуз“ да размислуваме за негативни мисли. Тие нè прават болни и нè убиваат.

Па, во моментов каков вид на невропептид патува низ вашето тело?

 

Мартин М. | Среќа.мк




Коментари

коментари