Лука посвоил девојче со Даунов синдром: „Од првиот момент знаев дека ќе биде моја ќерка“

Лука Трапанезе има 41 година, а пред 18 месеци во неговиот живот влегла малата Алба која му ја исполнила животната желба да биде родител.

Тој е Италијанец, хомосексуалец, католик, нема партнер и отсекогаш сонувал да биде татко. За прв пат ја прегрнал Алба во јули 2017. година.

„Ми рекоа дека можам да посвојам болно дете, хендикепирано или дете со пореметување во однесувањето. Децата кои другите семејства ги одбиваат“, истакнува Лука.

Заедно со поранешниот парнер основале хуманитарна организација за хендикепирани лица. Организирал курсеви по готвење и одење на театарски претстави. Поради сето тоа, бил сигурен дека ќе може да се грижи за детето со посебни потреби.

Во јули 2017. година го добил долгоочекуваниот повик. Девојчето се вика Алба и има Даунов Синдром, а било одбиено од повеќе од 20 семејства.

„Не можев да ја скријам радоста. Веднаш се сложив“, раскажува Лука.

Оттогаш тие двајца се неразделни. Малата Алба има цврст карактер и знае да биде тврдоглава, но тој ужива во улогата на татко.

„Таа сака да си игра по цел ден, да јаде и да танцува. Сака да биде меѓу луѓе па честопати одиме во парк или во музеј“, додал среќниот татко.

За својот живот со Алба, Лука ја напишал книгата „Родена за тебе“ (Nata per te).




Коментари

[fbcomments]