Категории

„Luke Cage“ е новата Марвел серија која го сруши Нетфликс

Супер херојот на Марвел, Luke Cage е новата серија на Нетфликс, а се чини една од супер моќите на Luke е да го сруши популарниот сервис Нетфликс.

marvel-luke-cage-netflix-series-premiere-date

Овој викенд кога беше пуштена првата сезона која има 13 епизоди, серверите на Нетфликс откажаа неколку часа, а гледачите тоа го препишаа на супер херојот на Марвел.

Дури и креаторот на серијата твитна за падот на Нетфликс.

Приказната за Luke Cage доаѓа после Daredevil и Jessica Jonesдва Марвел супер хероја чии први сезони Нетфликс ги прикажа минатата година.

https://www.youtube.com/watch?v=ytkjQvSk2VA

Улогата на супер херојот ја има Mike Colter, критичарите шоуто го опишаа како темно, но интригантно и брилијантно. Епизодите од серијата се именувани по песни од хип-хоп дуото Gang Starr, со што при самото гледање на ова ТВ шоу ви делува како слушање на албум на познатиот бруклински бенд.

5727b6305c73ee4eae6ea7428dd197d7-1024x615

Приказната го опфаќа животот на Luke Cage после случувањата со Jessica Jones и се фокусира на уличниот живот, внатрешните кругови на криминалните организации, полицијата и корумпираните политичари, а воедно и како околината влијае врз младите. Во таа приказна Luke ја има супер херојската улога, првично обидувајќи се да живее мирен живот, сепак победува херојското во него и борбата против криминалот.

 

 

 

МЃ

Прегледи:
428
Објавено на:
04.10.2016