Категории

Луксузот во кој ќе порасне синот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер

Воопшто не е тешко да му завидувате на овој луксуз…

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ се повеќе му се доближува на датумот за породување, но тоа не ја спречува да ужива во моментите на задоволство со својот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, и тоа често го споделува со своите фанови на социјалните мрежи. Додека Ана моментално се одмора и ужива во снегулките во Чикаго, странските медиуми зборуваат за луксузот од пари во кој ќе ужива приновата во семејството.

Стефан или Марко, во зависност од тоа за  кое име Ана и Бастијан на крајот ќе се одлучат, ќе биде во можност да живее во еден од повеќето луксузни имоти на своите родители, како куќата на Ана во Палма де Мајорка, станот во Белград , но исто така и во семејниот дом во Чикаго, што двојката сега го изнајмува по цена од 30.000 евра месечно.

Овој стан е уреден по најновите меѓународни стандарди и има пет бањи, најскапа техника, три камини, дневна соба, спална соба … Наводно, миленичето на овој популарен пар од раѓањето ќе има и свој паричен фонд.

Да се потсетиме, опуштената Ана ужива во бременоста и нема никакви проблеми, а неодамна извор близок до поранешната тенисерка за српските медиуми изјави: ,,Таа само се смее и не и е тешко ништо. Шета и излегува, а ни патувањето не и паѓа тешко. Таа и Бастијан планираат да патуваат додека не стане неопходно за неа да мирува пред да се породи. ‘’

Прегледи:
745
Објавено на:
15.03.2018