Зошто успешните жени се вљубуваат во лузери?

Се поголем е бројот на девојки што се вљубуваат во помалку успешни мажи, или пак воопшто неуспешни. Но, која е причината за тоа. Мажите се уште остануваат без одговор на прашањето: „Како може да биде со него”? Го имаме одговорот, но и виновникот за ваквиот проблем.

Не станува збор за проблем со самодовербата…не може жена што оди на деловни патувања, зборува 3 јазици, среќава илјадници луѓе во текот на денот, да нема високо мислење за себе. Мора да биде нешто друго, нели?

Доминација
Во последно време жените почнаа сериозно да размислуваат да ги надминат мажите во секој поглед. Ако до пред некое време уживаа во рамноправноста, за се бореа, денес жените си поставија нова задача, да бидат доминантни. Да бидеме реални, за жените патот до врвот е трнлив. Затоа кога ќе стасаат таму почнуваат да се преценуваат. Подеднакво успешен маж како нив би значело чести кавги, натпревар и докажување за тоа кој е подобар.

Воодушевување

Жените сакаат постојано да слушаат комплименти, особено од партнерот. Ваквите момци се свесни што имаат покрај себе, заштитнички се поставуваат, а тоа им успева кај секоја жена. Иако на професионално поле е вистинска ѕверка, штом дојде дома жената сака да слушне убав збор за својот труд. Најчесто луѓето се воодушевуваат на она што го немаат, што значи успешниот маж нема зошто да ја крева успешната жена во облаци. За него успехот е за пофалба, но не мора да се прават драми околу него на дневна база.

Уживање
Жената најголемата енергија ја црпи од домот и семејството. Замислете што би се случило со жените доколку секој ден после работа пристигнуваат во празен стан од причина што партнерот постојано е на пат? Тоа не може да го надмине женското осетливо срце. После напорниот ден, оној што цел ден седел дома, со задоволство ќе ја пречека и ќе знае да ја расположи, давајќи и знак дека нештата не треба да се сфаќаат толку сериозно.




Коментари

коментари