Мачка мајка посвоила бебе верверица и се грижи за него како да е нејзино

Кога оваа мачка видела паднато бебе верверица во дворот, го прибрала како да е нејзино. Го земала и го ставила каде што и биле другите бебиња. 

Луѓето кои ја чуваат раскажуваат како се грижи за него како да е нејзино, не го пушта да излегува, го дои и гали. Уште поневеројатно за луѓето е како се прилагодила верверицата, кога ќе ја земат во раце таа преде како маче. Тие сметаат дека многу тешко ќе може да се прилагоди за живот во дивина, па покрај милениците мачки, ќе имаат и една верверица.




Коментари

коментари