Категории

Мафини со печурки: Одлична вечера за целото семејство! (РЕЦЕПТ)

Мафини со печурки се одличен предлог за вечера кои мора да ги пробате:

 

15 лажици пченкарно брашно

2 лажици пченично брашно

главица кромид

150 г печурки

3 јајца

кисело млеко

1 дл масло

сол, бибер

масло за пржење

Подготовка: 

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид. Додадете исечкани печурки, посолете ги и побиберете, па динстајте десетина минути. Изматете ги јајцата, додадете кисело млеко, масло и двата вида брашно. Сето тоа измешајте го, па спојте го со печурките. Ставете ја смесата во калапи за мафини и печете 30 минути на 200 степени.

Послужете додека се топли!

Прегледи:
551
Објавено на:
01.12.2021