Мафини со вишни (РЕЦЕПТ)

Овие мафини се подготвуваат брзо и веруваме дека ќе ве освојат со својот вкус.

Потребни состојки:

  • 1 и 1/2 чаши брашно од пченица
  • 1/2 чаша кафеав шеќер
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 1/2 лажици сода бикарбона
  • 1 рамна лажица прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 1/2 чаша масло
  • 1/2 чаша топла вода
  • малку сол
  • 1 чаша свежи или замрзнати вишни
  • шеќер во прав за попрскување

Подготовка:

Убаво измешајте ги брашното, прашок за пециво и содата бикарбона. Потоа додадете го кафеавиот шеќер, ванилин шеќер, сол, јајцата, маслото и топлата вода и убаво измешајте ги заедно додека не се соединат состојките. На крај, додадете ги вишните. Ставете ги во калап за мафини и наполнете ги до ¾ од висината. Печете околу 30 минути.

По печењето, изладените мафини посипете ги со шеќер во прав пред да ги сервирате и украсете ги со лисја од нане. Добар апетит!




Коментари

коментари