Магазинот Форбс ја објави листата на најплатени жени во музиката: Ова е најплатената пејачка!

Магазинот Форбс ја објави овогодинешната листа на најплатени жени во музиката. На прво место се наоѓа Кети Пери, која помеѓу јуни 2017. и јуни 2018. заработила 83 милиони долари.

До оваа бројка музичарката дошла благодарение на турнејата „Witness“, на која одржала 80 концерти, а од секој од нив заработила по половина милион долари.

На второ место се наоѓа некогашната (не)пријателка на Кети, тејлор Свифт, која заработила 80 милиони долари благодарение на продажбата на албумот „Reputation“ и истоимената турнеја, која сѐ уште трае.

Воопшто не изненадува фактот што Бијонсе се најде на третото место, со заработка од 60 милиони долари.

На четврто место е Пинк со заработка од 50 милиони, а два милиони помалку заработила новопечената филмска ѕвезда Лејди Гага.




Коментари

коментари