Во овој период од годината најмногу одговараат топлите напитоци, а силното и топло чоколадо никој не би го одбил. Ова е рецепт за малку поинакво топло чоколадо.
Состојки:
- 2 кесички чај од нане
- 250 мл вода
- 375 мл млеко
- 100 г горко чоколадо
- Шеќер по желба
- Слатка павлака
- Неколку ливчиња свежо нане
Подготовка:
Кесичките со чај прелијте ги со жешка вода и оставете 10 минути да отстои. Во меѓувреме загрејте го млекото до вриење, тргнете го од шпорет, додадете искршено чоколадо и мешајте додека чоколадото не се стопи. Кесичките со чај, полека мешајќи ставете ги во чоколадното млеко. Млекото повторно вратете го на шпорет и внимателно загрејте го до вриење. По желба додадете шеќер.
Послужување:
Топлото чоколадо ставете го во 3-4 чаши, декорирајте со изматена слатка павлака и ливчиња нане.